
Формирањето на доминантна рака е природен невролошки процес кој се развива во детството. Истражувањата покажуваат дека кај некои деца доминантната рака станува очигледна уште на тригодишна возраст, додека кај други ова се утврдува подоцна, дури и до шестата или седмата година.
Принудувањето на детето да користи недоминантна рака за пишување може да предизвика когнитивна дисонанца, што влијае на моторната координација, учењето и самодовербата. Наместо тоа, потребно е да се поддржи природниот избор на рака, бидејќи тоа го олеснува развојот на фината моторика, прецизноста и когнитивните вештини.
Како да го ПОДДРЖИМЕ природниот развој?
✅Набљудувајте со која рака детето инстинктивно фаќа молив, игра или фрла предмети.
✅Дозволете му само да ја избере раката без надворешни влијанија или корекции.
✅ Користете соодветни материјали за левораки деца (специјални тетратки, ножици).
✅ Поттикнувајте активности кои ја подобруваат координацијата – цртање, сложувалки, сечење со ножички.
✅Доколку детето подеднакво користи двете раце, не брзајте со заклучоци – амбидекстерноста може да биде природен дел од неговиот развој.
Леворакоста не е хендикеп, туку невролошка предност!
Најважно е детето да се чувствува комфорно и природно во процесот на учење.
